Home > Work > На работ од времето (Наследството на Вероника, #1)
21 " Пред мене се појави свет што е сосема поинаков од мојот. Сив, темен и студен свет. Ги обвив рацете околу своето тело со цел да го спречам студот да навлезе во мене. "
― Моника Трајковска , На работ од времето (Наследството на Вероника, #1)
22 " Бевме на највисоката точка во градот, од каде што можевме целосно да го видиме. Над нас, ведро небо. Милион ѕвезди трепкаа без прекин, како да ни намигнуваат само нам. А месечината пак, таа беше и повеќе од магична. Формираше совршен круг на небото, а околу неа можеше да се забележи и ореол. Изгледаше како портал кон друг свет. Кон добар свет. Кон свет каде што сè уште постои надеж. "
23 " Се почувствував живо, како никогаш претходно, како да можам да направам сè што ќе посакам. "
24 " Застанав на средина од улицата и ги затворив очите, кревајќи го лицето како сончоглед кон сонцето. "
25 " Постојат луѓе на кои им значиш повеќе отколку што мислиш“, рече тој со треперлив глас. „Вредиш повеќе од кој било човек на оваа планета и ова не го кажувам само затоа што имам силни чувства за тебе. Твоите гени можат да помогнат да се врати човештвото онаму каде што навистина припаѓа. Дијана го знаеше тоа и токму затоа го направи тоа што го направи. Но тоа не беше најважната причина. Ти допре и до неа, исто како што допре до сите нас. Со својата невиност и искреност донесе свежина во нашиот мал круг луѓе и нѐ потсети што точно значи да се биде човек. Покрај тебе, сите ние првпат се почувствувавме живо иако веќе долго време одиме меѓу живите... "
26 " Јас сум Вероника, но по правило не би требало да постојам. "
27 " Светот е застрашувачко и сурово место, но со пријатели тој може да е малку поподнослив. "
28 " Со неограничени ресурси и брилијантни умови ништо не е невозможно. "
29 " ...забележав дека некој нечујно седна до мене. Не морав да го кренам погледот за да знам дека станува збор за Мартин. Има нешто специфично во начинот на кој тој дише и токму според тоа би можела да го препознам во кое било време и на кое било место. "
30 " ...како што поминуваше времето така сè повеќе го наслушував неговото дишење и се обидував да го следам неговиот тек. Кога тој вдишуваше, тоа го правев и јас, кога тој издишуваше, и јас исто така. Ова ме смируваше. Чудесно. "
31 " Го погледнав, со копнеж во моите очи, и посакав да не престане да ме бакнува. Тоа и го стори. "
32 " По толку одење низ темнината, конечно требаше да можам да ја забележам светлината на крајот од тунелот. "
33 " Потребни се грешки за да се осознаваат вистини што во спротивно не би ги ни забележале. "
34 " Никој веќе не сака да живее во овој лажен свет. Сите копнеат за слободен живот. "
35 " Се чувствував како да сум единствена на овој свет. Сама во бескрајна низа од духови. "
36 " Ти живееш, Вероника. Дури и ако не го забележуваш тоа. Ти си жива и најдобро што можеш излегуваш накрај со својот живот. Без разлика што во моментов ти изгледа како постојано да тапкаш во место. "
37 " Тие гледаа во мене, со подзинати усти, небаре сум божица што само што се симнала на планетата, меѓу смртниците. "