Home > Author > Венко Андоновски
41 " Не гледам зошто и телесната љубов, ако е меѓу двајца што вистински се љубат, не би била поезија. "
― Венко Андоновски , Вештица
42 " Тоа е мојот живот и таков е: тага и страв, на два спротивни пола. Зошто лаже јазикот, па вели дека спротивна на тагата ѝ е радоста, кога тоа е стравот, беспоговорно? "
43 " И којзнае колку други такви убавини досега си пропуштил, колку небеса и ѕвезди слезени на земјата, само затоа што не си бил свој!!! "
44 " ...да се пронајдат две прашинки во големата и студена вселена, два атома кои го памтат своето претходно постоење и сега се сеќаваат на него; можно е, само ако доволно силно се сака тоа. "
45 " Во секој случај, мажите во Скопје научија добра лекција: дека најкршливата работа на светот треба добро да се чува. И уште нешто: дека многу малку треба секој да ја најде својата прашинка среќа. Дека многу малку треба од секој ден да се сочини - убав ребус. И дека треба да се одлага решението колку што е можно подолго. "
46 " И животот е таков: сè ти е пред нос, и состојките, и рецептот, ама сам ќе си зготвиш. "
47 " ... човек не сака самиот да ја види својата слобода, па измислува триста оправдувања: резиња, брави, пари за нова врата и слично. "
48 " Таа книга - стварноста, не ми е прочитана во животот, друго сè имам читано. "
49 " Ненадејно, како што тоа се случува само во младоста на човекот. Оти, колку повеќе старее, човек веќе не доживува такви ненадејни невремиња. Искуството му кажува кога ќе заврне, па тој навреме се засолнува. "
50 " И животот е е шизфореничен, па никому ништо. Лудилото не е состојба на свеста, тоа е состојба на светот. "
51 " Лудите инквизитори ги измачувале сите оние кутри жени само затоа што биле преплашени од нивната отворена нелажовна сексуалност со која не можеле да се справат во средновековните и ренесансни табуизирани кревети. "
52 " Тоа сега може да значи дека таа девојка мисли дека сите мажи се исти, дека таа никогаш нема да ја најде својата куќа, дека секогаш ќе живее само во кулиса од куќа, и секогаш ќе наидува на мажи кои лошо ќе постапуваат со неа, на луѓе кои живеат од слики, а не од стварност. Но, таа секогаш ќе се надева дека ќе излезе од светот на сликите во стварниот свет и секогаш ќе закачува по една слика на куќа врз кулисите од претходната. Најдевајќи се дека еднаш ќе најде некој вистински маж, кому ќе му ја отвори вратата од утробата. И дека од неа некогаш ќе излезат деца. "
53 " Умните се огледала во кои глупавите сфаќаат колку се грди. Затоа глупавите ги прогонуваат умните. "