Home > Author > Венко Андоновски >

" Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде? Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог! "

Венко Андоновски , Вештица


Image for Quotes

Венко Андоновски quote : Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде? Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!